Се реконструираат тоалетите во училиштето „Свети Кирил и Методиј“

84

Во средното економско училиште, „Свети Кирил и Методиј“ деновиве, започна реконструкција на санитарните јазли за учениците и професорите.

Од Општина Охрид велат дека со реконструкцијата се опфаќа промена на целокупната инсталација, се поставува нова санитарија и плочки.

Санитарните јазли во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ првпат се реконструираат по 20 години. Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 640.959 денари, а средствата ги обезбеди Општина Охрид.