Се реконструираат тоалетите во ООУ „11 Октомври“

83

Тоалетите во ООУ „11 Октомври” во Општина Центар, се реконструираат.

Како што велат од Општина Центар, тие ќе бидат комплетно обновени, со нова фекална и водоводна инсталација и опремени со нови хигиенско-санитарни елементи.

-Посветено работиме во обезбедување современи услови за правилен раст и развој за нашите деца. Нашите заложби се за квалитетни и безбедни услови во основните училишта во Центар-потенцираат општинските власти.