Се расчистува депонијата во Горно Лисиче

160

Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ ја чистат огромната дива депонија создадена кај стадионот во Горно Лисиче.

– Со тешка механизација се чисти теренот од секаков шут. Акцијата ќе трае неколку дена и се очекува да бидат собрани околу 1.500 кубни метри отпад – информираат од општина Аеродром.

Оттаму апелираат до граѓаните совесно и правилно да го фрлаат отпадот со цел да се спречи создавање на нови диви депонии.

Најавуваат дека во наредниот период ќе се засили инспекцискиот надзор, како и казнувањето за фрлање отпад, палење пластика, железо и слично.

Покрај Горно Лисиче, денеска се чистеа и депониите на булеварите „Македонско-Косовска бригада“ во Чаир, „Х.Т.Карпош“ во Бутел и патот од Шутка кон Визбегово.

Во рамките на активностите се отстранети вкупно 1.000 кубни метри непрописно одложен комунален, кабаст и градежен отпад.