Се расчистуваат сливници и шахти на територија на град Скопје

84

Екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од секторот канализација, од утрово се на терен и ги чистат сливниците и шахтите на територијата на град Скопје, со цел системот да биде подготвен да ги прими водите по топењето на снегот и

нормална функционалност на атмосферската канализација.

-Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе ја следат состојбата и ќе продолжат со теренските активности во текот на денешниот ден, како и за време на викендот, стои во соопштението од претпријатието.