СЕ РАЗДЕЛИ НАЈУБАВАТА ДВОЈКА ВО ХОЛИВУД…

180

По само четири години брак заврши заедничкиот живот на најубавата двојка во Холивуд, холивудскиот актер и режисер Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк. Според руските медиуми кои први ја објавија веста, тие се разведуваат, а како една од можните причини за развод се наведува флертот на 44-годишниот актер со светската музичка ѕвезда Леди Гага на доделувањето на Оскарите.

Токму дружењето на Бредли и Леди Гага, кои ги глумат и главните ликови во филмот “Ѕвездата е родена“, по сè изгледа ја иницирал разделбата. Според многумина тие имаа и премногу емотивен настап на сцената во Долби театарот каде заедно ја изведоа песната Shallow која беше прогласена за најдобра филмска музичка нумера.

Иако неколку дена по доделувањето на Оскарите Бредли и Ирена се појавија заедно во јавноста при што беа и фотографирани, изразот на нивните лица покажуваше дека нешто не е во ред.

Сепак, официјални реакции на овие шпекулации, од страна на инволвираните во приказната, засега нема.