Се прекинува испитувањето на лекот „хлорокин“: Докажано е дека не ја намалува смртноста кај коронавирусот

357

Светската здравствена организација, во саботата објави дека ги запира испитувањата на антималирикот хидроксихлорокин во комбинација со лекот за ХИВ лопинавир/ритонавир кај хоспитализираните пациенти со Ковид -19, откако е потврдено дека нивната примена не ја намалила смртноста.

„Овие привремени испитувања покажуваат дека хидраксихлорокинот и лопинавир/ритонавирот предизвикуваат слаба или никаква редукција на морталитетот кај хоспитализираните пациент со Ковид-19, во споредба со стандардниот третман“, се истакнува во соопштението на СЗО.

Оваа агенција за јавно здравје на Обединетите нации истакнува дека одлуката, донесена по препорака на меѓународниот управен одбор за ова истражување, не влијае врз другите студии во кои лекото се кориски кај пациенти кои не се хоспитализирани или поради превенција од заразата.

Во друго испитување СЗО, исто така, го истражува и можниот ефект на антивирусниот лек „ремдисивир“.