epa10429406 Sander Sagosen (L) of Norway and Daniel Dujshebaev (R) of Spain in action during the 28th IHF Men’s World Handball Championship 2023 quarterfinal match between Norway and Spain at the Ergo Arena in Gdansk, Poland, 25 January 2023. EPA-EFE/Adam Warzawa POLAND OUT

Во норвешка се создава нов ракометен дрим тим кој има за цел да го достигне врвот на Европа и да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Станува збор за Колштад од Трондхајм, во спортски контекст градот е најпознат по Розенборг, фудбалски клуб кој пред дваесет години правеше чуда во Лигата на шампионите без многу пари.

Но во Норвешка ракометот е повеќе од спорт, женскиот национален тим со години е доминантен во светот, а машката селекција во последните неколку години освојува медали на големите натпреварувања. Затоа во план е да се создаде мега тим и на клупски план, кој наскоро ќе може да конкурира за врв на Европа и Лигата на шампионите и рамноправно да се бори со Кил, Барселона и останатите врвни тимови. Накратко, планот е да се создаде мегаклуб на северот на Европа кој ќе го промени европскиот ракометен поредок.

Во последните неколку години Елверум доминира во норвешкиот клупски ракомет, но оваа сезона приказната е поинаква. Колштад е на врвот по 20 кола со 19 победи и само еден пораз. Тимот беше создаден главно од локални играчи кои играа во Европа. Летово беше донесен одличниот голман Торбјорн Бергеруд, а потоа и одличниот централен бек Ветле Ек Ага и пикерот Магнус Гулеруд.

Потоа во Трондхајм пристигнаа исландските репрезентативци Сигвалди Гудјонсон и Јанус Даи Смарасон, а следната сезона се очекува вистински шок бидејќи клубот се договори со тројцата врвни норвешки репрезентативци Сагосен, Јоханесен и Абелвик.

Сагосен пристигнува од Кил и со години е еден од најдобрите бекови во светот, а преостанатите двајца доаѓаат од Фленсбург. Тренер на тимот е легендарниот Кристијан Берге, кој ја предводеше Норвешка до сребрените медали во 2017 и 2019 година.

Пари има, бидејќи финансиските инвестиции во клубот вртоглаво пораснаа. Пред само две години буџетот за плати изнесуваше само 850 илјади евра, годинава е тројно зголемен, а догодина ќе биде нешто повеќе од 7.000.000  евра. Без никаков сомнеж, ова се пари со кои се атакува на Лигата на шампионите, особено ако се има предвид дека Вардар пред четири години ја освои европската титула со многу помалку средства.

Моментално само титаните како Барселона, Кил, Веспрем, Киелце и Пик Сегед и ПСЖ, имаат поголеми буџети од Колштад, но ако резултатите следат по инвестициите, нема сомнеж дека ќе испумпаат повеќе пари во клубот.

„Сите зборуваат за купување играчи, а ние во две сезони доведовме само осум ракометари. Јасно е дека сега имаме поинаков пат од порано“, изјави претседателот на клубот Јостеин Сивертсен за данската телевизија.

Но, тој не сакаше да зборува. отворено за висината на платите, но додаде дека не било лесно да се вратат Сагосен и другите ѕвезди.

„Имаме конкурентни плати. Трансферите на играчи од Германија беа на високо ниво“, откри првиот човек на клубот.