Се поставуваат нови столпчиња, лантерни и семафорски столбови низ градот

132

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта”, во изминатиов период поставија нови и заменија оштетени столпчиња на потегот пред објектот на главната пошта и на булеварот „Свети Климент Охридски“, монтираа нови лантерни и семафорски столбови на крстосницата помеѓу булеварот „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а работеа и на проширување на улицата „808“ кај ЈСП.

Како што информираат градските власти, екипите на претпријатието го санирале и прекопот на крстосницата помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“, во близина на мост Обединети нации, а работат и на подготовка за нанесување асфалт на „Новопроектирана улица“ во Криви Дол, како  и на пешачките тротоари долж улицата „Скупи“.

Освен тоа, се работи и на континуирано поставување нова вертикална и контрола на веќе постоечката сигнализација и бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Во тек е поставување и на рефлектирачки заштитни столпчиња за велосипедската патека на коловозот, долж булеварот „Кочо Рацин“.

Извор: Град Скопје