Се породи Анѓелка Прпиќ, за наследничката одбра необично име

4151
Фото: Instagram

Актерката Анѓелка Прпиќ и нејзиниот партнер Марко денеска имаат голема причина за славење. Имено, актерката се породи и на свет донесе девојче, кое го доби името Чарна, пишуваат српските медиуми.

Ова име има силна симболика за актерката бидејќи и самата го носеше додека играше во серијата „Жените од Дедиње“. Покрај тоа, името Чарна буквално значи „таа што маѓепсува“, „таа што е магична“…

Породувањето помина добро, а за Анѓелка ова е второ дете, бидејќи има син од претходниот брак.

Актерката се уште не објавила ништо за ова, но неодамна на Инстаграм објави видео во кое на своите следбеници им откри дека веќе почнала со купување за приновата, за се да биде подготвено и на време.

Последен голем проект во кој Анѓелка учествуваше пред породувањето е филмот „Ама е убав овој свет“, во кој таа ја толкуваше главната женска улога.