Генералниот менаџер на Милвоки, Џон Хорст, изјави дека тимот од Висконсин ќе направи се за да го задржи во тимот Јанис Адетокумбо. Грчкиот репрезентативец, минатата сезона, го предводеше Милвоки до првото место во НБА лигата (60 победи, 21 пораз) и до финалето во Источната конференција, поради што беше прогласен за МВП. Неговиот договор со Милвоки истекува наредното лето, а челниците веќе прават планови како да го задржат.

  • За сега не смееме да преговараме со Јанис, бидејќи за една година ќе му биде овозможено да добие супер-макс договор. Тогаш ние ќе му понудиме таков договор, откри Хорст.

Според информациите од САД, Милвоки Бакс на Адетокумбо ќе му понудат петгодишен договор во висина од 247 милиони долари.