Екипата на ЛА Клиперс, најмалку во следните три недели ќе биде без услугите на стандарниот кошаркар Патрик Беверли поради повреда. Беверли се повредил на натпреварот против Феникс во четвртокот, кога добил фрактура на левата рака, поради што ќе мора да оди на оперативн зафат.

Беверли е еден од главните играчи во одбраната на Клиперси, кои се третопласирани во Западната конференција.

Беверли сезонава има просек од 8 поени, 3.6 скокови и 2.1 асистенции по натпревар.