На веб-страницата која ја формираше Јапонскиот олимписки комитет (ЈОК) минатиот ноември се пријавени околу 2.500 случаи на сексуално искористувачки фотографии на женски спортисти, објави „Кјодо њуз“.

Спортистите можеа да пријават сексуализирани фотографии од натпреварувањата на самата страница. Тој број беше околу 1.300 на почетокот на јули, но скоро двојно се зголеми во последните три месеци.

ЈОК ја покрена иницијативата како одговор на жалбите на неколку спортисти кои ги најдоа своите фотографии на социјалните мрежи со сексуално експлицитни натписи.

  • Навистина е важно ова прашање да не се заборави. Ќе ги информираме луѓето за ова прашање, така што луѓето ќе го имаат тоа на ум, истакна членот на извршниот одбор на ЈОК, Кеико Моми.

Од Јапонскиот олимписки комитет најавија дека ќе ја искоренат таквата злоупотреба, осудувајќи го фотографирањето и нивната дистрибуција како „гадни дела“.

Во мај, полицијата во Токио уапси 37-годишен маж за наводно прекршување на авторските права, откако објави фотографии од неколку спортисти без дозвола на порно-сајт со која раководи.

Исто така, во јуни, 57-годишен маж во префектурата Чиба беше уапсен под сомнение дека ја нарушил репутацијата на спортист, објавувајќи видео на порнографска веб-страница што тајно ја снимил.