Се повеќе луѓе почнуваат да веруваат во теоријата (ако така може да се нарече) дека Земјата е рамна плоча.

Веројатно би се изнаенадиле што луѓето се уште имаат такви ставови. Конечно, Земјата одамна е фотографирана од вселената. Но, според нив тие фотографии се лажирани од некои зли сили кои тајно го контролираат светот. И не само тоа, веруваат дека и сите научни докази за сферичноста на Земјата во изминативе векови се лажни, пишува Сајентифик инсенити.

Се чини дека во САД движењето на „плочоземците“ е во подем. Во септемвриминатата година Боби Реј Симонс, рапер познат и како Б.о.Б., започна кампања за собирање средства за да се испратат сателити во вселената кои ќе одредат каква форма има Земјата.

На 9 ноември стата година, 500 „плочоземци“ се собраа во Северна Каролина, САД, на првата годишна Меѓународна конференција на „рамноземците“.

Податоците од Гугл трендс (Google Trends) покажуваат дека во последните две години, пребарувањата „Земја плоча“ тројно се зголемиле.

Еве табела:

Теориите на заговор не секогаш се безопасни. Лажната хајка дек вакцините предизвикуваат аутизам доведоа до опаѓање на стапката на имунизација, што од своја страна предизвика епидемии на сипаници, пишува сајтот.