Се одржа „Пролетен базар на домашни ракотворби со изложба на народни носии 2019“

222

Денеска, во големата сала на Општина Бутел беше отворен вториот „Пролетен базар 2019“ под покровителство на Општина Бутел, а во организација на Здружението на уметници ракотворци „Арти Крафт”.

Градоначаликот на Општина Бутел, Велимир Смилевски во своето поздравно обраќање ги поздрави присутните и организаторите и истакна дека Општината и понатаму ќе остане покровител на вакви културни манифестации, преку кои на најмладите им се преставува етнолошкото и културно богаство на  нашата земја, и дека таа практиката на негување на културното наследство ќе ја продолжат токму најмладите.

На овогодинешната манифестација, на која беа изложени над 30-тина народни носии од кумановскиот регион,односно од регијата на североисточниот дел на земјата, исто така беше збогатена со изложба на ракотворбите на гости уметници од Црна Гора, Албанија, Србија и Косово.

Свеченото отварање, исто така беше збогатено со настапот на играорците  од КУД „Плетеница” , преку народни танци и изведба на македонски народни песни.

Вториот пролетен базар ќе биде отворен во периодот од  6 до 8 јуни 2019 година.