Се одржа првата Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село

47

Во организација на СОС Детско село денеска се одржа првата Хуманитарна ИТ трка на којашто учествуваа вработени од ИТ компании.

Како што информираат од СОС Детско село на трката учествуваа 120 работници од 15 ИТ компании кои се натпреваруваа во две категории, и тоа велосипед и трчање.

По доделувањето на медалите за три најдобри постигнувања по категории и благодарниците за сите учесници, присутните натпреварувачи на целта во паркот Авионче уживаа во едночасовен настан заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.