Се одржа осмото издание на меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“

216

Вчеравечер, во базенот кој функционира во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа осмото издание на Меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“.

Станува збор за традиционален спортски настан, кој се организира во пресрет на одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје (13. Ноември) .
Натпреварувањето го организираше пливачкиот клуб „Бета Шаркс“, со поддршка од Општина Карпош.

На дводневниот пливачки турнир учествуваа натпреварувачи од земјава, соседните држави и регионот.
Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој на учесниците им посака спортски успех и уште многу учества на пливачките турнири.

Турнирот започна со трка на лица – деца со попреченост, кои само уште еднаш потврдија дека спортот не познава граници и бариери.
Потоа продолжија натпреварувањата и во другите дисциплини, а Богоев ги додели медалите и дипломите за најуспешните.