Американскиот тенисер Тенис Сандгрен, кој во Мелбурн допатува со лажен позитивен тест на коронавирусот вели дека е изненаден од медиумскиот третман во претходните неколку дена. Тој имаше проблем пред патувањето во Австралија, бидејќи доби позитивен тест, а го прележа коронавирусот уште во ноември минатата година.

Подоцна резултатие покажаа дека во себе носи неактивен вирус како последица од прелжаната инфекција, па доби посебна дозвола од организатоарите на Австралија опен да дојде во Мелбурн. Тој исто како остантите тенисери е во двенеделен карантин, но воопшто не е среќен поради лошиот медиумски третман.

-Не беше како да се провлеков во авионот. Гледма дека многумина го претствија тоа како да сум ги прекршил правилата, како да сум пират, како да сум гу заобиколил правилата во Австралија. Се претвори во нешто што нема врска со вистината. Сепак тоа ви е „Твитер“ Само се обидував да ги насмам луѓето, но се претвори во нешто бизарно и конторверзно, откри Сандгрен и додаде:

-Направна е негативна конотација за се што е поврзано со турнирот во Мелбурн. Како да дојдовме да ја загрозиме локалната заедница. Зборуваа дека сме елитисти и дека се однесуваме како другите да се полоши од нас. За тоа нема ни збор. Владата на Австралија ја одобри програмата, загубени се часови со цел се да се кординира на сигурен начин и тенисерите го испочитуваа тоа. Некои се фрустрирани зашто ситуацијата е таква. Тренираа со месеци, поточно месец и половина за време на паузата и не е мала работа да се биде заглавен во соба без можност да се тренира, заврши Американецот.