Раководството на регионалната АБА-лига размислува да го одложи почетокот на новата сезона, па наместо на 19 септември, ќе започне 14 дена подоцна.

Причина е состојбата со коронавирусот во регионот, ситуацијата е неизвесна, а потврда за одложувањето ќе има кон крајот на месецот.

Услови за играње на кошарка нема, патувањата се ограничени во регионот, неизбежно е одложувањето, тврдат повеќе медиуми од регионот.

Инаку, МЗТ Скопје и Работнички од следната сезона ќе се натпреваруваат во АБА2 лигата.