Американската пливачка Анита Алварез (25 години) ја шокираше јавноста откако на светското првенство во Будимпешта се онесвести додека ја изведуваше својата вежба.

На крајот животот и го спаси тренерката која скокна во водата и некако успеа да ја извлече.

Сцените воопшто не беа убави за гледање бидејќи Алварез беше на неколку секунди од смртта, но за среќа сега е надвор од животна опасност.

Според првите лекарски извештаи тренерката Андреа Фуентес изјави дека се е во најдобар ред со Анита и дека нема да останат последици по нејзиното здравје.

  • Анита се чувствува навистина добро. Докторите ги проверија сите витални показатели и се е во ред, пилс, кислорот, ниво на шеќер, крвен притисок, се е во ред. Понекогаш забораваме што се случува во останатите спортотви во кои треба висока издржливост. Маратон, велосипедизам, крос… сите видовме фотографии на кои некои спортисти не стигнаа до целта, а други им помагаат да дојдат до таму. Нашиот спорт не се разликува од останатите, само во базен се обидуваме да ги минеме границите за што подобар резултат. Понекогаш успевам. Анита се лувствува добро, а докторите го потврдија тоа. Таа ќе одмори, па потоа ќе одлучиме дали може да плива во финалето во слободен стил. Ви благодарам на пораките за поддршка и добрите желби за здравјето на Анита, порача Фуентес.

Таа потоа објасни како успеала да ја спаси својата натпреварувачка.

  • Скокнав во водата бидејќи видов дека нема спасител или некој друг. Бев малку исплашена бидејќи не дишеше, додаде храбрата тренерка.