Се огласи семејството на момчето кое го изврши масакрот во училиште во Белград: Изразено сочувство до семејствата на жртвите

69

Семејството на момчето К.К., кое во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград уби десет лица, а повреди петмина, изрази сочувство до семејствата на настраданите преку соопштение што денеска го објави адвокатската канцеларија што ги застапува.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете и за (чуварот) Драган (Влаховиќ) кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство поради нивната загуба, која е и наша загуба. Вечно тажни“, се вели во соопштението на адвокатската канцеларија Боровиќ.

Изјавата е потпишана од семејството на момчето кое е осомничено за убиствата во основното училиште Владислав Рибникар.

Ученикот од седмо одделение К.К. осомничен е за масовното пукање на 3 мај кога влегол во училиштето во кое учело   и пукал во свои врсници и вработени. Тој уби осум ученици и училишен чувар на лице место, а рани уште седуммина, додека едно девојче подоцна им подлегна на повредите.