Се обиде да биде Худини, но не успеа – индиски илузионист се удави сред настап/видео

328

Индиски илузионист, кој се обиде да го изведе најпознатиот трик на славниот Хари Худини, се води за исчезнат, а се стравува дека не преживеал, јави БиБиСи.

Чанчал Лахири (40), познат под името “Јадугар Мандрак” или Волшебникот од Мандрак, пред бројната публика, врзан во ланци и коноп, беше спуштен вчера во реката во градот Калкута. На четириесет годишниот волшебник цврсто му беа врзани нозете и рацете и на ужас на сите гледачи, пријателите и семејството, тој не успеа да излезе од водата и спасувачите се уште го бараат во реката.

„Ако успеам, ќе биде магија. Ако не успеам, ќе биде трагедија“, истакнач Чахири пред да се спушти во реката. 

“Се плашиме дека се удавил”, истакнал Сид Ваква Раза од речната полиција.

 

Пред несреќата, Лахири изјави дека успешно се извлекол од истата ситуација пред 21 година, на истото место во реката Ганг.

“Бев во кафез со непробојно стакло. Кафезот беше заклучен и бев врзан за синџири. Се спуштив во реката од мостот во Хора и излегов за само 29 секунди, но призна дека овојпат веројатно ќе биде потешко.