Желбата на 7-годишниот Џејмс од Тексас, САД, да живее како девојче и да го викаат Луна предизвика голем раздор кај неговите разведени родители.

Мајката Ен Џорџулас тоа го поддржува, таткото Џефри не сака да дозволи син му да стане девојче и тврди дека момчето тоа го прави затоа што мајка му го убедила. Спорот завршил на суд, а одлуката на судот била мајката да добие целосно старателство над Џејмс и неговиот брат близнак Џад.

Ен, која по професија е педијатар, тврди дека малечкиот Џејмс е трансродов и се залага за идејата за хемиска кастрација и евентуална хормонска терапија. Момчето наводно сака да носи фустанчиња и се одѕива на името Луна.

Мајката дури и добила писмена препорака од клиниката Далас Рејнбоу Терапи.

„Се препорачува мојот клиент Џејмс Јангер, познат како Луна, да стане пациент на клиниката GENECIS за да може да добие целосна психолошка поддршка за родова дисморфија и потенцијално да почне да зема блокатори на хормони“, напишала терапевтката Ребека Оер.

Сепак, психијатарот Бенџамин Олбритон, кој сведочел пред судот, не се согласува со неа.

-Стручните сведоци се сомневаат дека Џејмс е сто отсто уверен дека е всушност е од женски род. Се уште постои извесна флуидност во неговото размислување. Ни тој ни брат му не страдаат од депресија, анксиозност ниту се агресивни. Џејмс не покажува никакви значи на други психички потешкотии, изјавил тој.

Таткото вика дека момчето носи фустанчиња и се одѕива на името Луна само во присуство на мајка му, пишува Unilad.

-Верувам дека не станува збор само за емоционално злоставување туку тоа го сметам и за некој вид сексуално злоставување, мешање во сексуалниот идентитет на едно ранливо момче. Тој на училиште оди во фустани и користи тоалет за девојчиња. Учителите го викаат Луна. Сите авторитетни личности во неговиот живот – мајката, учителите, училишниот полицаец, библиотекарката, директорот на училиштето – му велат дека е девојче, вели Џефри Јангер во еден подкаст.

Тој додава дека смета оти момчето се однсува така затоа што мајка му му пружа љубов само кога се однесува како девојче.