Се намалува таксата за терасите на угостителските објекти

44

Владата на синоќешната седница донесе Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со што се овозможува економска подршка на угостителските објекти кои претрпиле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Според Уредбата, се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба.

-Со цел нивна сигурност и одржливост во понатамошното работење и со која пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м2 дневно, се изменува, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба. Доколку така одлучат и наместо на општините, кои ја наплаќаат оваа јавна давачка, можат да донесат одлука и да не ја наплатат јавната давачка за користење на просторот пред деловни простории.

Владата денеска усвои измени и дополнувања на програмата за развој на туризмот за 2020 година со програма за субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции за оваа година.

Согласно овие измени, Владата, преку Министерството за економија, со цел поддршка на домашните хотели и надминување на ефектите од корона кризата, а со цел ревитализацијата и опоравување на економијата во земјата, ќе кофинансира трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Настаните обуките, семинарите и конференциите треба да бидат организирани во категоризирани угостителски објекти во Република Северна Македонија.

За оваа цел, Министерството за економија ќе објави Јавен повик за доделување на субвенции за кофинансирање на трошоците за организирање на настани, обуки, семинари, и конференции на кој право на учество имаат сите заинтересирани правни лица, фондации и здружениjа на граѓани, кои ги исполнуваат условите што ќе се предвидат во јавниот повик.

Јавниот повик ќе се објави во два дневни весника и на веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk.