Се намалува интересот за вакцинација против Ковид -19 во Велес и велешко, од вчера вакциналниот пунк работи во една смена

47

На вакциналниот пунк во Здравствениот дом во Велес вчера биле вакцинирани вкупно 135 од кои само 28 со прва доза. Од вчера вакциналниот пункт наместо две работи една смена од 7:30 до 14 часот.

Се вакцинира со „Фајзер“ за лица под 60 години“ и „Астра Зенека“ за лица над 60 години. Освен овие две вакцини против Ковид-19, за втора доза се вакцинира и со „Синовак“ информира за МИА, д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт во Велес.

Инаку, неделава најмногу вкупно 408 лица биле вакцинирани во понеделникот од кои 95 биле со прва доза, во вторникот 203 од кои 61 со прва доза и вчера вкупно 135, а со прва доза само 28 лица.

На овој единствен вакцинален пункт во Велес, освен од Велес и Општина Велес може да се вакцинираат и жители на Општина Градско, Лозово и Чашка.

Д-р Тодоровска информира дека двапати неделно нивни екипи  вакцинираат по домовите на велешани со претходно барање упатено до нив. Тие дома вакцинираат само стари, неподвижни лица и  лица со попреченост.

Воедно во село Иванковци на 9 септември била спроведеа вонредна вакцинација, а каде на 30 септември нивни медицински екипи ќе одат да им дадат на веќе вакцинираните и втора доза.

Инаку, според податоците опфатот со вакцинација во Велес и велешко е 50 отсто.