EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, изјави дека не зависи од него дали ќе настапи на првиот грен слем турнир наредната година Австралија Опен, откако организаторите во јануари годинава му ги затворија вратите, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

–Не можам да ви кажам многу околу настапот на Австралија опен идната година. Таквата одлука не е во моите раце, изјави Ѓоковиќ, кој рекордни девет пати го освојуваше австралискиот грен – слем (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020 и 2021).

–Можам само да се надевам дека ќе бидам на терените во Мелбурн, додаде Ѓоковиќ.

Поради одбивањето да се вакцинира против коронавирусот, Ѓоковиќ оваа година доби забрана за настап и на САД Опен, а триумфираше на Вимлдон, додека на Ролан Гарос беше елининиран во чегвртфиналето