Повеќето спортисти ја поздравија одлуката за одложување на Олимписките игри во Токио заради пандемијата со коронавирусот , а за поединци како италијанската пливачка Федерика Пелегрини ова значи и одложување на пензионерските денови.

-Изгледа како шега, како судбина, случајност, но ќе остане фактот дека не морам да престанам со пливањето, објави Пелегрини на својот Инстаграм профил.

Легендарната Италијанка во Токио требаше да учествува на своите петти Олимписки игри, кои требаше да бидат и нејзини последни во кариерата.

-Ќе се подготвам најдобро што можам… И се надевам дека моето тело ќе издржи уште една година, рече 31 – годишната Пелегрини која живее во еден од најтешко погодените региони во северна Италија, во поглед на заразените со коронавирусот.

Петкратната олимписка шампионка во пливање Кејти Ледецки, која најверојатно би била една од најголемите ѕвезди во Токио, рече дека одложувањето на Олимписките игри е добро зашто луѓето сега може да се фокусираат повеќе на борбата со пандемијата на коронавирусот. американската пливачка.

Се надевам дека моето тело ќе издржи уште една година, рече 31 – годишната Пелегрини која живее во еден од најтешко погодените региони во северна Италија, во поглед на заразените со коронавирусот 

-Додека заедно се соочуваме со изолација, може да сонуваме за прекрасни Олимписки и гри во преубава земја, наведе американската пливачка.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах се согласи со предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе за префрлување на Игрите во Токио за следната година.

Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирус. Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.