Зад Манчестер Јунајтед е можеби најлошата сезона во последните 30 години. „Црвените ѓаволи“ направија низа од негативни рекорди, а кулминацијата од лоши резултати се случи во последните две кола, кога четата на Оле Гунар Солскер и дефинитивно ги загуби сите шанси за пласман во Лигата на шампиони.

Јунајтед прво одигра 1:1 против Хадерсфилд, а во последното коло на „Олд Трафорд“ беше поразен од новиот второлигаш, тимот на Кардиф со 2:0. Сезоната ја заврши на 6-та позиција, а најверните фанови беа сведоци на уште една сезона полна со фрустрации.

На крајот од 2018 година, контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, доби отказ поради лошите резултати и односот со фудбалерите. Само неколку дена подоцна, на менаџерското столче седна Оле Гунар Солскер, кој беше замислен како привремено решение, но откако забележа 10 победи на 11 одиграни натпревари, управата реши да го награди со 3-годишен договор.

По елиминацијата од Барселона во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, Јунајтед се врати на старата губитничка патека и почна да остварува резултати какви што имаше во времето на Жозе Мурињо. Со месеци Португалецот важеше за најголем негативец и постојано беше критикуван од легендарните фудбалери на Јунајтед и од новинарите.

Со именувањето на Солскер за менаџер, исчезнаа темните облаци на Манчестер, фудбалерите пукаа од самодоверба, оптимизмот беше главна одлика на најверните фанови, а управата експресно реши дека Оле треба да биде менаџер и во следните неколку години. Потребни беа само неколку недели за да се види дека таквата одлука е погрешна, затоа што Јунајтед во финишот од сезоната играше полошо во споредба со најголемата криза која се случи под водство на Мурињо.

Португалецот моментално работи како стручен аналитичар за беИН СПОРТС, а пред неколку дена отворено збореше за неговите денови на „Олд Трафорд“ и за неговиот однос со францускиот интернационалец Пол Погба, кој е посочен како главен виновник за неговото заминување.

  • Ништо посебно не се случуваше околу мене и Погба. Во Манчестер постојано имаше некакви проблеми. Играчите, организацијата, но и самата амбиција на клубот. Тука лежи главниот проблем на Јунајтед. Можам само да кажам дека не можам да кажам „да“ кога ме прашуваат дали Погба е единствениот виновник за проблемите, изјави Мурињо.

Португалскиот стручњак смета дека челниците на Јунајтед ништо не научиле или направиле кога се во прашање проблемите за кои претходно биле предупредени.

  • Пред девет или десет месеци изјави дека по освојувањето на деветте титули во четири различни држави, втората позиција со Јунајтед е мојот најголем успех. Сега луѓето ја разбираат мојата изјава. Не го анализирам често Манчестер Јунајтед. Не сакам да зборам на таа тема, а имам и чувство дека нема потреба за такво нешто – времето ќе покаже. Кога е во прашање Јунајтед, сака да кажам само две работи. Едната дека времето го кажа своето, а втората дека и понатаму има проблеми, додаде „специјалниот“.