Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром

51

Во тек е реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентиот хром во Југохром, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување, инфомирмираа од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму соопштија дека заради увид на состојбата на терен, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, придружен од државниот секретар Каја Шукова денес остварил посета на ДПТУ Југохром АЛЗАР, каде се сретнал со раководството на компанијата и вработените во пречистителната станица.

-Пречистителната станица за прочистување на загадените води со шестовалентен хром во околината на Јегуновце, поради дотраеност, во изминатиот период не работеше во полн капацитет. Заради исклучителното значење на прочистувањето на шестовалентниот хром и спречувањето на истекување или прелевање на загадената вода, Министерството направи дополнителни напори и одвои средства за покривање на трошоците за реконструкција на инсталацијата. Реконструтивните работи (реконструкција на заштитно корито под резервоарите и поставување на нови резервоари) треба да завршат до средината на месец ноември, информираат од Министерството.

Според посоченото од Министерството од страна на Југохром АЛЗАР, министерот бил информоран дека во процесот на реконструкција се следат состојбите во и околу депонијата и резервоарите со отпадната вода.