Голем број спортисти имале тешко детство. Некои ги имале сите предуслови за почеток на својата кариера, а некои едноставно макотрпно работеле за да успеат. Овој пат, тешка животна приказна ни доаѓа од САД, а во „главна улога“ е Џордан.

Започнуваме од почеток…

Џери Виндл отсекогаш сонувал да биде татко, а неговиот сон се оствари во јуни 2000 година. Тој во едно списание прочитал приказна за животот на сираците во Камбоџа, а откако видел низ што поминуваат сите деца во оваа земја, веднаш реагирал и започнал со процесот на посвојување дете.

Во јуни 2000 година желбата му се исполнила. Камбоџанските власти го контактирале, тој ги завршил сите документи за посвојување дете во Соединетите Американски Држави и Џери се вратил на Флорида од Пном Пен со момче помало од две години.

Предизвиците биле огромни на самиот почеток. Момчето, кое го нарекол Џордан, било исклучително слабо и болно, а на двегодишна возраст тежело само седум килограми.

Џери жестоко се борел за неговиот живот. Не бил сигурен што ќе донесе секој нов ден, но се борел за својот посвоен син како да е негов. Во следните години, Џордан почна да напредува. Здравјето му се подобрувало, се зацврстил и набрзо почнал да се занимава со скокови во вода.

Неговите добри настапи привлекле внимание кај тренерот Тим ​​О’Брајан. Го вклучил во својот тим и во следните години, а Џордан се истакнал на настапите низ САД.

Тогаш започнал олимпискиот сон. Џордан учествувал во квалификациите за олимписка норма на 13 години, а сонот му се оствари минатата година кога учествуваше на Олимписките игри во Токио каде заврши како деветти.

И покрај тоа што пораснал во САД, дел од Камбоџа сè уште е во него. Тој решил да ѝ посвети тетоважа на своето тело на земјата во која се родил, која јасно се гледа додека настапува.