Се мијат и дезинфицираат Кејот, Калето, Водно, парк-шумата „Гази Баба“

81

Градот Скопје помогна во уривањето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“.

Градските власти потсетуваат дека во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“,  деновиве нивни екипи асистира и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Како што соопштија од Градот, екипите на јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје со цистерни, со специјално средство спровеле голема акција за миење на градските сообраќајници, пешачки и велосипедски патеки, како и автобуските постојки во сите општини.

– Со оваа голема акција опфатени беа и патеките на Кејот на реката Вардар, сите поголеми паркови (Градскиот, Жена Борец, Ибни Пајко, Македонија, Чаир, Ѓорче Петров и Рајскиот парк), парк-шумата Водно (Марково Крувче, Средно Водно, Милениумскиот крст…), парк-шумата „Гази Баба“, спортско-рекреативниот центар „Сарај“ и скопското Кале, каде покрај миење на патеките, рачно и со посебна опрема се изврши и целосна дезинфекција на целосната паркоска опрема (клупи, павиљони, дрвени мостови, реквизити и справи за вежбање…) – информираат градските власти.