Се мерат децибелите во Дебар Маало

232

Општина Центар за време на изминатиот викенд, заради секојдневни пријави од граѓани за бучава од гласна музика од угостителските објекти на нејзината територија, како и заради нарушување на јавниот ред и мир пред објектите во ноќните часови, спроведе координирана акција за мерење на бучавата од гласна музика во населба Дебар маало.

Како што информират од локалната самоуправа, акцијата се спровела во соработка со претставници на Полициската станица Центар и комуналната инспекција од Град Скопје, во однос на постапување во согласност со законски надлежности.

– Редовните контроли на угостителските објекти во ноќни часови продолжуваат и понатаму, со цел да бидат опфатени сите населби во Општината и да се обезбеди ноќен мир за граѓаните – потенцираат општинските власти.