На една од најфреквентните сообраќајници во градот, булеварот „Кочо Рацин“ почнато е со реконструкција на асфалтот. Ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов на должина од 880 метри, на потегот од булеварот “Кузман Јосифовски – Питу“ до улицата “Свети Кирил и Методиј“.

– Реконструкцијата ќе се одвива во наредните 40-ина дена. Продолжуваме да го применуваме истиот принцип на брза и квалитетна работа со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Оваа година градежните работи на главните градски сообраќајници завршуваат во рекордно кратко време, со што се овозможува сообраќајот во нашиот град  да се одвива непречено и по реконструирани коловози кои ја гарантираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот – рече градоначалникот Петре Шилегов на увидот во градежните работи.

Додека траат градежните работи, на булеварот “Кочо Рацин“ е воведен привремен режим на сообраќај. Шилегов апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои.