Се мажела 10 пати – и нема да престане додека не го најде вистинскиот/ВИДЕО

159

Педесет и шестгодишната Кејси, која моментално размислува за развод од својот 10-ти сопруг, вели дека не планира да престане да се мажи додека не го најде вистинскиот.

Кејси, успешна деловна жена од САД, била гостинка во шоуто на доктор Фил каде побарала совет, бидејќи по 10 брака сè уште не може да најде партнер. Сега е на работ да раскине со својот десетти сопруг, но вели дека не и е гајле колку пати нејзиниот брак ќе пропадне бидејќи нема да запре се додека не најде маж кој би можел да ја сака засекогаш.

„Кога сум во брак и едноставно не можам повеќе да издржам, обично сум првата што ќе рече:„ Тоа е тоа; се разведуваме “, рече Кејси.

Таа му открила на доктор Фил дека нејзиниот прв брак траел осум години и завршил спогодбено. Нејзиниот втор брак бил малку пократок, седум години, но со две и пол години како вереници. Двојката имала и син, но нивната врска започнала да се распаѓа кога нејзиниот сопруг престанал да и кажува дека ја сака, вели таа.

Кејси не навлегувала во детали за другите сопрузи, но спомена дека се мажела за различни типови мажи, од рокери, проповедници до симпатии од средно училиште, но никогаш не го пронашла вистинскиот.

И покрај сите разочарувања во нејзиниот љубовен живот, Кејси вели дека нема намера да се откаже.

„Не ми е гајле колку бракови ќе поминам, ќе се обидувам додека не најдам некого што може да ме сака“, рече таа.

„Никогаш нема да имате здрава врска сè додека продолжувате да влегувате во токсични односи“, и рече д-р Фил.