Се коси тревата, а наскоро ќе се засадат нови цвеќиња

98

Jавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги извршува редовните пролетни активности за одржување на зеленилото низ целиот град.

Директорот Ардијан Муча вели дека се коси тревата на средишниот дел на булеварите низ градот, бидејќи од тревата и сонцето, како што истакна тој, таа е порасната. Освен тоа, искосената трева соодветно се собира. Тој напомена дека за околу пет дена ќе започне и замената на зимските цвеќиња со нов цветен расад.

Директорот истакна дека е започната и дезинфекцијата на целата урбана опрема и патеките низ парковите во градот. Во оваа активност на ЈП „Паркови и зеленило“ му помага Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

– Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје врши дезинфекција на кејот на реката Вардар, додека ЈП „Паркови и зеленило“ ги дезинфицира сите јавни паркови – изјави Муча.

(А.П.)