Во последните денови многу светски медиуми пишуваа за евентуалниот развод на Мауро Икарди и Ванда Нара. Славниот фудбалски пар помина низ тешки моменти поради наводната афера што Мауро ја имаше со актерката Марија Еугенија Суарез.

На крајот „недоразбирањето“ меѓу парот Икарди беше решено, но Кина сега му донесе проблеми на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол.

Аргентинските медиуми го поврзуваа со атрактивна актерка, а тој се колне дека нема ништо меѓу нив.

  • Не знам кој го објавил ова, но се колнам во ќерка ми дека никогаш не сум ја сретнал таа жена, ниту сум разговарал со неа. Мојата сопруга поради сето ова минува низ тешки моменти, изјави Де Пол.

Марија Еугенија Суарез им донесе голема неволја во животот на фудбалските sвезди, иако претходно истакна дека нема никаква врска со Мауро Икарди.

  • Не знам од каде дојде сето ова. И јас само што ја прекинав врската, изјави неодамна Марија за „МДЗ“.