Се зголемува минималната плата за градежните работници во Германија

111

Со новата минимална плата ќе профитираат повеќе од 200.000 работници.

Градежните работници во Германија од 1 април ќе имаат нова минимална плата откако синдикатите и работодавците договорија повисока саатница.

Отсега минималната саатницата за помошни работници ќе биде 12,55, а за квалификувани работници 15,40 евра, што е зголемување за 35, односно 20 отсто.

Зголемувањето на минималната саатница се однесува на сојузните покраини кои некогаш и припаѓале на Западна Германија. За источните се уште нема договор.

Со новата минимална плата ќе профитираат повеќе од 200.000 работници. Вкупниот број на вработени во градежниот сектор во Германија е скоро 820.000 работници.