Се запали куќа во Скопје, поради вдишување чад едно лице пренесено во болница

551

На 29.03.2023 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на ул.„Богомилски поход“, сопственост на Б.П.(50), каде престојувал С.Т.(73) од Штип, настанал пожар, при што бил опожарен инвентарот.

Поради вдишување на чад, С.Т. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Увид врши екипа од СВР Скопје.