Се зависи од Погба

137

Доколку во следните неколку дена не биде продолжена соработката со Пол Погба, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе бидат принудени да го продадат францускиот интернационалец, пишуваат сите англиски медиуми. Искусниот играч за врска има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на актуелната сезона, а тоа значи дека Погба ќе може да си замине следното лето без никакво обештетување. Целата ситуација со големо внимание ја следат раководните лица на ПСЖ.