Се гради нова улица во село Нова Маала 

294

Општина Василево почна со изградба на улица во селото Нова Маала, во должина од 181 метар, и ширина на асфалтот од 3,5 метри, како и армирано-бетонски канал за прифаќање на атмосферските води.

-Постојната улица при дождови е каллива и тешко проодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем, пред сè на оние граѓани кои живеат тука, но и на сите жители на населеното место Нова Маала – рече градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

Вкупниот буџет за изградба на улицата изнесува 1.980.000 денари, од кои еден милион денари се обезбедени како грант од Меѓународната банка за обнова и развој во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, а остатокот се средства од општинската каса.