Се гради новата спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“

212

Според градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, одлично се одвиваат градежните работи за изградбата на новата сала во основното училиште „Вера Јоциќ“. Тој информираше дека оваа сала се гради со поддршка на Владата.

-Со тоа, конечно по десетина години се обезбедуваат соодветни услови за спортување на учениците – вели Георгиевски.