Се гради локалниот пат до викенд-населбата во Булачани

159

Изградбата на локалниот пат од ООУ „Наум Охридски” до викенд-населбата во Булачани се одвива со предвидената динамика – информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Тој истакна дека извршил увид во градежните активности.

– Во моментов се поставува тампон. Патот се гради во должина од 1.100 метри со   поддршка на Владата – информира Георгиевски.

Градоначалникот потенцира дека преку овој проект, непроодниот и тесен пат ќе прерасне во улица која ќе го подобри квалитетот на животот во овие средини. Воедно, ќе се зачуваат и унапредат традиционалните вредности во руралните подрачја.