Се гради колектор за атмосферска канализациона мрежа во Ѓ. Петров

72

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на својот фејсбук-профил информираше дека започнуваат активностите за изведба на еден од најкапиталните проекти за годинава, колектор за атмосферска канализациона мрежа во Дексион.

-Во тек се градежните активности на улицата ,,Кузман Шапкарев”-крак 3. Во наредните 4 месеци ќе се работи и на крак 1, улица ,,Радуша-Црногорска” во должина од 920 метри , а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим, истакна Наумоски.

Со изградбата на оваа мрежа ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината и ќе се реши деценискиот проблем на жителите во Дексион.
Финансиската рамка за реализација е 10 милиони денари, пари кои Општината ги обезбеди преку кредит од Светска банка.