Се гради канализација и се обновува игралиште во општина Центар

169

Во тек е изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Новопланирана 2“ во Капиштец, во должина од 375 метри. На истата локација се поставува нова фекална канализација од 255 метри и нова водоводна мрежа во должина од 285 метри. На коловозот ќе се постави нов асфалтен слој, како и нови тротоари и рабници.

– „Новопланирана 2“ ќе се поврзе со улицата „Васил Ѓоргов“ кај ТЦ Зебра со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на таа улица, но дополнително ќе се регулира и сообраќајниот проток на улицата „Козара“ – информираат од општина Центар.

Се работи и на обновување на спортското игралиште на улицата „Орце Николов”. Се поставува нова и проширена подлога, нови спортски реквизити и нова урбана опрема.

– Карактеристично за ова игралиште е специфичното оградување, каде секој дел од оградата ќе биде различен по својот изглед. Кон крајот на месец март се очекува завршување на градежните активности и пуштање во употреба на игралиштето – соопштија од општината.

Извор: општина Центар