Градот Скопје ќе гради нова водоводна и канализациона мрежа на булеварот „Илинден“ и тоа на потегот од вкрстување со улицата „Љубљанска“.

Новата водоводна и канализациона мрежа, како што информираат градските власти, ќе биде за потребите на новите објекти кои се изградени и сè уште се градат на овој  потег кој е во должина од околу 300 метри.

– За таа цел Градот на 7 мај склучи договор со изведувачот „Енергомонт“ од Скопје. Вкупната вредност на склучениот договор со оваа фирма е 5,9 милиони денари со вклучен ДДВ. Станува збор за изградба на нова водоводна и канализационата мрежа на потег од околу 300 метри, а со истите се врши изградба на нова водоводна мрежа и фекална канализација која се гради за потребите на новите инфраструктурни објекти кои се изградија и сè уште се градат во овој потег на булеварот „Илинден“ – информираат од Град Скопје.

Во моментов се извршуваат постапките за добивање на градежна дозвола за изведбата на овој проект. По добивањето на истата, рокот за изведба е 60 календарски денови, односно два месеци.

(А.П.)