Се гледаме на вечера, во виртуелна реалност

133

Елитниот ресторан „Џејмс биард хоус“ во Њујорк е познат по револуционерни идеи, и по посебниот однос кон електронските уреди, па така, од пред неколку месеци во својата понуда има вечера во виртуелна реалност.

Директорот на славниот њујоршки ресторан вели дека инспирацијата за новата понуда му биле гости на маса кои телефонирале без воопшто да погледнат во она што го јадат. Тој нема намера да им ја забрани електрониката на гостите, туку буквално да ги вовлече во неа.

Гостите седнуваат, на глава постојано носат специјални уреди, келнерите пред нив носат и враќаат чинии.

За новиот тренд наречен вечера во виртуелна реалност има голем интерес. Целото доживување трае еден час, чини 125 долари, гостинот менува седум јадења, а списокот на чекање е долг.

И готвачите и управата се согласуваат дека на овој начин се откриваат единствени елементи од вкусот на храната, кои инаку пропуштате да ги забележите.