Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

79

ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека девојче на 6-годишна возраст кое живее во битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.