Една од најатрактивните кошаркарки во светот најави враќање на теренот. Станува збор за Романката Сара Думитреску (22), ќерка на поранешниот кошаркар Тибери и фудбалската менаџерка Анамарија Продан, повторно ќе се занимава со спортот што го сака.

Поради тешките повреди таа мораше да направи долга пауза во кариерата, но во разговор за медиумите во нејзината татковина откри дека сега е подготвена повторно да игра. По неколку години поминати во САД каде што замина на факултет, Сара се враќа во репрезентацијата со која ќе тренира во текот на летото.

Тоа ќе биде вистински тест за нејзините колена, откако во САД двапати ги скина лигаментите, но не се откажа од професионалното играње кошарка. Таа ќе добие нова шанса на репрезентативните тренинзи.

  • На 20 мај ќе почнам да се подготвувам за репрезентацијата. Ќе имам обврски во текот на летото, ќе играм натпревари до есен кога ќе почне новата сезона во САД. Ми се допаѓа Романија, опкружена сум со семејството и пријателите и кога и да дојдам во Букурешт тоа е како одмор за мене, изјави убавата Сара.

Таткото на Сара порано бил професионален кошаркар и таа вели дека неговите совети многу и помогнале во кариерата. Кариерата и се развиваше во вистинска насока, а од Романија замина во американската НЦАА лига.

Многумина и предвидуваа дека ќе добие договор во ВНБА лигата, но повредите ја спречија во тоа. Поради кинење на предните вкрстени лигаменти, Сара Думитреску мораше да паузира подолг период, а сега ќе тргне на ново патување. Се надеваме дека повредите се минато и дека ќе може да даде сè од себе на паркетот, што би било на големо воодушевување на бројните љубители на кошарката.