Јапонската професионална бејзбол сезона ќе почне на 19 јуни, додека на натпреварите нема да присуствуваат навивачи, соопшти тамошната федерација.

Сезоната требаше да стартува на 20 март, но почетокот беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Со оваа одлука Јапонија и се придружи на Јужна Кореја и Тајван, чии лиги почнаа и се играат без присуство на публика.

Јапонија до сега пријави околу 850 смртни случаи од ковид-19.