Се врати, па победи на “Валандово фолк-фест 2019“ и си освои 1.500 евра!

1604

Иако многумина го имаат отпишано од музичката сцена, некогаш многу популарниот пејач Драган Мијалковски покажа дека не е така дека се можни изненадувањата, токму според онаа една стара поговорка:„Без старца нема ударца“! И навистина е така.

Мијалковски направи вистински кам-бек и триумфално победи со песната “Илина“ на штотуку завршениот фолк-фест “Валандово 2019“. Автор на песната е Љупчо Трајковски-Фис, па заедно со Драган ќе ја делат и паричната награда од 1.500 евара за победата! Фестивалот помина гламурозно со настапите на многу познати, а оваа година исклучиво македонски пејачи. Меѓутоа, добар дел од пофалбите стасаа и на адресата на одличната водителска двојка Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев.

Да кажеме и тоа дека втората награда им припадна на “Распеани валандовчани” за песната “Љубов преку граница”, додека третата награда со ист број бодови ја поделија дури три песни: Благоја Грујовски со “Добредојде таго”, Елена Андоновска со „Седма зима” и Јовица Мицевски со “Моја Мирјана”.

Дуле М.