Се бара купец за Рамзи

73

Најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, е подготвен да стави крај на соработката со велшкиот интернационалец Арон Рамзи. Искусниот играч за врска пред неколку дена изјави дека бил максимално исфрустриран во изминатите две сезони, најмногу поради малата минутажа, и додаде дека сака да ја промени средината за време на летниот преоден рок. Неговата желба ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 30 мил. евра.